Published: Wednesday, July 13, 2016 10:00
Денеска во 13.30 часот продолжуваат преговорите на работните групи на политичките партии во Пржино. На средбата се очекува да се разговара за реформите во медиумите и за прочистувањето на избирачкиот список.
Без договор, пак, заврши вчерашната маратонската преговарачка сесија со амбасадорите Џес Бејли и Аиво Орав.
Амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време.




