Додека учениците биле на голем одмор, персоналот одржувал партиски состанок, ги имало на електронскиот, но не и на избирачкиот список на денот на изборите, никогаш не излегле од државата, а се сместени во списокот на иселените, дел од затвореници – без право на глас, константира Обдусманот Иџет Мемети, објавува 24.
Тој на брифинг со новинарите вели дека до канцеларијата на Народниот правобранител пристигнале 145 пријави. Меџети  се прашува кој го печати избирачкиот список и како е возможно ДИК да дозволи да ги нема гласачите коишто на интернет страницата на Комисијата биле евидентирани како гласачи. Ваквата пракаса на ДИК, според обдусманот е загрижувачка.
„Кој го печати избирачкиот список и како е возможно ДИК да дозволи да ги нема гласачите коишто на интернет страницата на Комисијата биле евидентирани како гласачи. Нема професионална соработка помеѓу ДИК и МВР. Имаме неедуцирани комисии, а тие што се задолжени за спроведување на изборите не се професионалци.“ вели – Иџет Мемети, Народен правобранител
Правобранителот додава дека институциите се користени за партиски цели.
„Вработени во Јавно претпријатие од Охрид биле заплашувани дека ќе бидат избркани од работа доколку не излезат на митинг на владејачката партија. Вработени во ЈСП и во Општна Карпош биле порано ослободени од работа за да да бидат пристутни на митинг на владејачката партија во Скопје.“ – вели Мемети.
Мемети тврди дека има дискриминација кај болните кога станува збор за гласање, а од ДИК ги соопштиле дека немаат можности за нив. На предвремените парламентарни избори на една третина од затворениците им беше скратено гласачкото право.