Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува јасна посветеност од ЕУ, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните

0
By Zoran Ivanov on October 15, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба во Владата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, истакнал дека државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните кои со децении остануваат посветени на европските вредности.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговарало за европската перспектива, напредокот на реформските процеси, економската соработка, енергетската безбедност и дигиталната трансформација.

Премиерот Мицкоски ја истакнал решеноста на Владата да ја забрза евроинтеграцијата на државата преку конкретни резултати и исполнување на европските стандарди.

Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата, стои во соопштението на владината прес-служба.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека од претстојната посета на Скопје на Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата.

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен завчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки денеска допатува во Скопје.

дер лајен Мицкоски средбата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва фото од падот на децата низ стаклениот покрив во белгиското училиште

December 9, 2025

Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени стотици вредни предмети

December 8, 2025

Судии, обвинители и адвокати протестираа во Белград, велат дека трпат политички притисоци

December 8, 2025

Седум питбули убиле дедо и бебе во Тенеси: Соседите ја нашле на улица распаметената мајка

December 7, 2025

Војници влегоа во ТВ студио и избрзано објавија дека ја преземаат власта во Бенин но армијата го спречи државниот удар

December 7, 2025
ФОКУС

Путин го ослободи од должноста амбасадорот во Македонија Баздникин

ВЕСТИ December 9, 2025

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со кој го ослободи Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор…

Владата усвои предлог за разрешување на Коцевски

December 9, 2025

Мајката на Моника му се обрати директно на Мицкоски: Цинично ми се смееш, одговори ми кој ја потпиша наредбата за акциска контрола во Пулс?!

December 9, 2025

Поскапувањата продолжуваат: Трошоците на живот зголемени за 0,5% во ноември – најмногу поради транспортот

December 9, 2025
ТИКЕР

Прва фото од падот на децата низ стаклениот покрив во белгиското училиште

December 9, 2025

Вода протече низ таванот на Лувр, оштетени стотици вредни предмети

December 8, 2025

Судии, обвинители и адвокати протестираа во Белград, велат дека трпат политички притисоци

December 8, 2025

Седум питбули убиле дедо и бебе во Тенеси: Соседите ја нашле на улица распаметената мајка

December 7, 2025

Војници влегоа во ТВ студио и избрзано објавија дека ја преземаат власта во Бенин но армијата го спречи државниот удар

December 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.