Миле Бошњаковски е новиот портпарол на Владата. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница.

Бошњаковски е поранешен новинар во повеќе медиуми.

Од 2010 година работи како специјалист за комуникации и застапување во Фондот на ОН за население (УНФПА).

Претходно од 2005 до 2010 година работел како Директор за корпоративни комуникации во Т Мобиле. Една година (2004-2005) бил тренинг коориднатор на Едногодишната Школа за новинарство на Македонскиот институт за медиуми.

Како новинар работел во Канал 5 и во МТВ.

Во моментов е на постдипломски студии по Менаџмент на стратегиски комуникации, а дипломирал на Катдрата по Историја на Философскиот факултет во Скопје.

На оваа функција во претходната влада беше Александар Ѓеоргиев кој на крајот од минатиот месец беше разрешен.