Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за финансии: Прогресивниот данок е за фер општество

0
By Нова ТВ on November 4, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со воведувањето на праведен, прогресивен данок во Македонија ќе се обезбедат дополнителни средства за воведување на минимален гарантиран приход. Со ова, најдоходовните граѓани ќе им помогнат на ранливите категории на граѓани, се наведува во денешното соопштение од Министерството за финансии.

Од Финансии појаснуваат дека најдоховните еден отсто граѓани имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите граѓани. Затоа, прагот за прогресивното оданочување е поставен за да ја опфати токму оваа група граѓани.

– Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10 отсто како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8 отсто, истакнува Министерството за финансии.

Како што објасни на прес-конференцијата за даночната реформа министерот за финансии, Драган Тевдовски, на месечна даночна основа од 100.000 денари, за 90.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 10 отсто, додека за 10.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 18 отсто. Со ова, за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста, 10 отсто.

Дополнително, како што велат од Министерството за финансии, се предлага зголемување на даночното ослободување кај платите и пензиите. Делот на кој не се плаќа данок би се поставил на 8000 денари. Со тоа се намалува ефективната даночна стапка за лицата што остваруваат доход од плати и пензии, особено оние со ниски примања.

– Со воведувањето на прогресивниот данок и минималниот гарантиран приход, ќе се намали јазот помеѓу најсиромашните и најдоходовните граѓани, велат од ресорното Министерство.

Дополнително, како што посочуваат, се предлага различен третман за доходот од труд и доходот од капитал. За доходот од труд, се предлага дополнителна стапка од осум отсто за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Најголемиот дел од граѓаните живеат од својот труд, при што најголем дел од нив имаат доход под 90.000 денари. За доходот од капитал, пак, се предлага единствена даночна стапка од 15 отсто. Најголем дел од овој доход (имот и дивиденди) завршува кај најдоходовните 1 отсто, и оваа категорија граѓани остварува поголем дел од својот доход од капитал, отколку од труд.

Дополнителни материјали може да се најдат на следниот линк: – Анализа за даночната реформа.

ВМРО ДПМНЕ: Се стимулира сивата економија

Опозициската ВМРО ДПМНЕ оцени дека Владата со воведување на прогресивниот е на пат да ја уништи македонската еконoмија.

-СДСМ го укинува концептот на едноставен рамен данок кој во изминативе 11 години даваше резултати, генерираше раст и отвораше нови работни места, кој се применува во 20 – тина земји од Европа. СДСМ со воведување на прогресивниот данок оди спротивно на укажувањата на бизнис заедницата. Бизнисот е директно погоден од ова мерка и истото ќе влијае на намалување на платите и намалување на бројот на ново отворени работни места. Власта со зголемување на даноците директно ја стимулира сивата економија и даночната евазија, се вели во денешното партиско сооопштение.

Од ВМРО ДПМНЕ уште велат дека „некои компании веќе најавуваат повлекување од инвестициски вложувања во Република Македонија“,  и предупредуваат дека „ќе се засили одливот на мозоци, затоа што ова ќе ги погоди професионалците, оние кои што со својот труд и со својот ум придонесуваат што пазарот ги вреднува нивните квалификации“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.