Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција ги повтори условите под кои опозициската паритја би учествувала на предвремени парламентарни избори, а тоа се избори со пржинска влада, на 100 дена пред избори. Тој децидно не кажа дали би учествувале на избори со скратени рокови, како што предложи премиерот Зоран Заев.

Освен познатите услови – избор на нов јавен обвинител, пржинска влада и анкетната комисија за референдумот, тој денеска излезе со нов предлог – премиерот Заев јавно да се откаже од Договорот со Грција, потоа да се оди на избори, а после изборите да се фомира ново јавно обвинителство кое ќе го замени СЈО и ќе ги доистражи прислушаните разговори и сомнежите за криминал на оваа Влада.

– Власта лажно ме обвинува дека сум барал некаква општа амнестија и сака да ме девалвира мене лично и измислуваат дека намерно сме го кочеле политизираното СЈО. Влегов во политиката да му служам на народот и поради тоа да созадавам за народот, но и да се борам против криминалот. Ниту сум условувал, сите пратеници имаат должност да ја следат волјата на граѓаните. Втората опција е Заев веднаш да се откаже од Договорот, па потоа на избори. Притоа ВМРО-ДПМНЕ после изборите ќе поддржи ново обвинителство, веднаш по завршувањето на СЈО, овојпат  јавен обвинител со консензус кој вистински ќе се бори против криминалот, но и да ги доспита прислушуваните материјали, како и криминалите на оваа влада. Еве шанса оваа Влада да докаже дека вистински е против криминалот, рече Мицкоски.