Собранието обезбеди двотретинско мнозинство кое ќе овозможи да започне расправата за уставни измени во согласност со Договорот од Преспа, дознава НОВАТВ.

Неофицијално достигната е бројката од потребниот минимум од 80 пратеници, но не се исклучува можноста тоа мнозинство да биде уште поголемо.

Со ова претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја губи контролата врз пратеничката група во Собранието, имајќи предвид дека тој во сите јавни изјави се противеше на гласањето „за“ за уставни измени за промена на уставното име, додека за Договорот од Преспа вели дека е мртов.

Ова го отвора прашањето за тоа колкаво е влијанието и авторитетот на Мицкоски во партијата на чие чело е при што можно е да се побара негово заминување од челната позиција.

Продолжението на собраниската седница на која најверојатно ќе има и гласање, е закажана за 15 часот. Во собраниската зграда дојде и премиерот Зоран Заев, како и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој истовремено е и пратеник.