Меѓу заедница охрабруваше да се постигне договор меѓу двете земји но таа не навлегува во суштината во тој така наречен договор и оттука логична е нивната реакција и поздравувањето на постигнување на договор, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ не е на иста линија со ЕУ и НАТО иако вели дека на земјава и’ е местото во овие организации.

„Но ние ќе живееме со последиците на ова капитулантско дело на Зоран Заев и неговите соработници. Ние ниту имаме право ниту смееме да останеме неми на капитулацијата што деновиве ќе се обидат да ја претстават како победа“, рече Мицкоски.

Мицкоски побара итна средба со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев од кој ќе побара да му го достави, како што рече тој, пишаниот документ.

Тој уште кажа дека ВМРО-ДПМНЕ „ќе се спротивстави со сите демократски средства“ на овој договор без да одговори на новинарско прашање кои се тие средства.