Published: Saturday, December 29, 2018 21:29
Извори од Собранието на Република Македонија за НОВА потврдуваат дека Христијан Мицкоски вчера присуствувал на пленарната седница на Собранието за време на говорот на претседателот Ѓорге Иванов. Тој во Собранието бил присутен со другите вработени од кабинетот на Иванов.
Мицкоски е лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ но за прв пат, лидерот на опозицијата не е истовремено и пратеник во Собранието. Тој најверојатно не бил поканет да присуствува на последниот говор на Иванов па на седницата дошол како дел од кабинетот на претседателот.




