Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ММФ ја намали прогнозата за раст на македонската економија за 2018

0
By Нова ТВ on October 9, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,6 проценти, предвидува Меѓународниот монетарен фонд во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“.

Претходнодната проценка на ММФ за растот на македонската економија беше 2,8 отсто.

ММФ за наредната година прогнозира дека БДП на Македонија ќе порасне за 2,6 проценти, а до 2023 година годишен раст од 3,4 отсто.

Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово четири отсто, Црна Гора 3,7 отсто, Бугарија 3,6,  БиХ 3,2 отсто и  Хрватска 2,8 проценти.

ММФ во есенскиот извештај ја намали проценката за глобалниот раст за 2018 и 2019 година.

Фити: Прогнозата е резултат на политичката криза

Според претседателот на МАНУ, академик Таки Фити ваквите прогнози  се очекувани и се должат на оваа миниполитичка криза.

– Во вакви ситуации се менуваат очекувањата на инвеститорите односно на економските субјекти. Тоа е круцијален факт за дефинитивно профилирање на стапката на економски раст. Одамна позната економска законитост е дека очекувањата многу влијаат. Бидејќи, ако нашите претпријатија и странските ивеститори  очекуваат полоши времиња, политички тензии, тогаш, едноставно, луѓето не инвестираат. Ако дојде до политички избори, целата енергија, труд, напор, ќе се сврти кон изборите. За жал, кога имате политички избори, луѓето малку размислуваат за економија и бизнис, се воздржуваат и домашните, и странските инвеститори, изјави претседателот на МАНУ, која денеска одбележа 51 година од основањето.

Смета дека ќе биде подобро ако уставните измени поминат во Собранието и да се избегнат избори, со што, рече, ќе се избегнат и дополнителни трошоци и тензии.

– И да се свртиме кон евроатлатските процеси што се круцијални за Македонија. Нашето приближување кон НАТО ќе придонесе за голем прилив на странски директни инвестиции. ЕУ и НАТО испорачуваат стабилност – ако имате стабилност, работите си одат многу подобро, истакна Фити.

Сепак, претседателот на МАНУ смета дека и без новата политичка криза, не ќе можело да се реализираат 3,2 проценти раст прогнозирани од Владата затоа што, како што рече, прилично се задоцнило со капиталните инвестиции, проектите се стопирани и остануваат, рече, малку месеци за да се реализира планираното.

– Особено крупната инфраструктура и патиштата имаат брзи ефекти, дури и на краток рок. Тие ефекти во македонската економија поради големата увозна зависност на градежништвото не се толку големи колку во други високоразвиени земји. Но ако дојде до политички избори, треба да бидеме задоволни ако стигнеме со 1,6, рече Фити.

Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја проекцијата рече дека нема никакви причини да се откажат од проекциите, поради растот во второто полугодие и очекуваниот раст натаму.

-Остануваме на проекцијата од 3,2 проценти раст и ги имаме сите практични причини за тоа, рече тој.

– Меѓународните институции, кога се јавуваат ретроградни процеси, како сега дали ќе се гласа или не, се песимистички ориентирани во своите коментари. Кога целото општество би било заеднички сплотено и давало оптимизам, тогаш и тие би давале оптимистички пораки. Така што остануваме на проекциите од 3,2 проценти раст, изјави Заев. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.