Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА соопшти дека изразува голема загриженост за актуелната ситуација во која се наоѓа македонското општество и повикува на меѓусебно почитување, проштевање, помирување и одговорност

САС на МПЦ во соопштението од денешната седница, апелира до политичките лидери да ја зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територијата на РМ согласно Уставот, како и унитарниот карактер на државата.

„Сегашноста и идината на Македонија ја гледаме преку сочувувањето на унитарниот карактер на Македонија, а за сето ова ни е потребно меѓусебно помирување и национално единство. Стремејќи се кон тоа нашиот верен народ треба да се раководи и од Евангелските христијански вредности“, се наведува во соопштението од САС на МПЦ-ОА.

Според САС, македонските национални државни и стратешки интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност на секого од нас, што подразбира живеење по Божјите заповеди, запазување на државните институции и националните права загарантирани со Уставот.

„МПЦ е духовна мајка на сите православни верници и на сите други, независно од нивната национална и етничка припадност и таа родителски се застапува да не биде повредено ничие национално, етничко и верско достоинство“, истакнуваат од САС на МПЦ-ОА.

Цени, како што стои во соопштението, дека на РМ и е потребен попис на населението кој треба да биде изготвен не заради одземање на нечии права, туку за остарување на придобивките на сите граѓани кои живеат во државата.