Од МВР информираат  дека досега се поднесени неколку пријави за нерегуларности прекршување на избирачкиот процес.

Во основното училиште „Браќа Рамиз Хамид“ во скопската населба Шуто Оризари директорот денеска ги повикал сите хигиеничарки со изговор дека же се спроведува генерално чистење на училиштето. По пријава, интервенирала полицијата по што тие се пуштени дома.

Во полициската станица во Ѓорче Петров приведено е лице, поради сликање на гласачкото ливче со мобилен телефон на гласачко место „2556“ во ДСУ-Кочо Рацин. Откако член на избирачкиот одбор регирал, гласачот во искинал гласачкото ливче, и против него е поднесена пријава за уништување гласачки матерјал. Гласањето на ова гласачко место било прекинато за гласање од 08,25 до 08,35 часот.

Во населбата Драчево откриено е комбе со кое на галсање се носеле гласачи од ромска националност и притоа им бил даван поткуп.

Во Шутка, приведен е малолетник со возило голф на чии регистерските таблички имал име на едн политичка партија и редниот број на гласачкото ливче.

Денеска околу 9 ч. во Валандово на гласачко место бр:0281 -(Кино Валандово) гласач при гласање со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче.