Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЖ Транспорт бара „Србија воз“ да не го укине возот Белград-Солун

0
By Нова ТВ on September 19, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонски железници Транспорт АД Скопје денеска соопшти дека е против најавеното укинување од крајот на месецов на единствениот меѓународен воз низ Македонија на релацијата Белград – Скопје – Белград и оти причината, според известувањето што го добиле од „Србија воз“, е економска неисплатливост.

„Србија воз“ ја донеле одлуката во согласност со грчки TRAINOSE, кои имаат право на таква одлука како железнички управи од каде поаѓа односно пристигнува возот.

МЖ Транспорт АД Скопје, како што велат, има право да вложи приговор на таквото барање, но како транзитна железничка управа нема право да одлучува.

МЖ Транспорт ад Скопје во соопштение наведува дека уште во јануари годинава добиле известување од „Србија воз“ дека поради економска неисплатливост планираат меѓународниот воз 34/335 “Hellas”, на релација Белград – Солун – Белград да сообраќа заклучно со 31 март годинава. Возот, според известувањето од „Србија воз“, би сообраќал сезонски во летните месеци од 15 јуни до 15 септември.

Во преговорите што ги воделе во март годинава со менаџерскиот тим на „Србија воз“ успеле да издејствува возот оваа година да сообраќа до крај на месецов. Исто така, според соопштението, на состанокот е напоменато дека во тек на месецов треба повторно да се состанат во Белград и да ги разгледаат можностите за понатамошно сообраќање на возот. Но на 6-ти месецов добиле електронска порака од „Србија воз“ во кој ги известиле дека возот нема да сообраќа по 30-ти месецов.

Како што информираат, по таквото известување веднаш стапиле во контакт со в.д. генералниот директор на „Србија воз“ Југослав Јовиќ за да закажат термин за состанок на кој би ги изложиле ставовите дека се против стопирање на возот по 30 септември. Во телефонски разговор од Јовиќ биле информирани дека поради негова зафатеност во наредниот период средбата би можела евентуално да се одржи околу 26-ти месецов, само неколку дена пред укинување на возот, откако ќе се врати од службен пат и по дополнителни усогласувања на можни термини.

Белград-Солун меѓународен воз МЖ Транспорт Србија воз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.