Контраверзниот муфтија од Санџак и поранешен кандидат на претседателските избори во Србија ефенди Муамер Зукорлиќ ја гради џамијата со највисоко минаре во Европа.
Имено, според Јутарњи лист, од доброволните прилози на дијаспората од Санџак муфтијата Зукорлиќ на Паштарската висорамнина кај селото Дуга Пољана недалеку од Нови Пазар гради нов исламски центар во чии рамки ќе има и џамија со 15 куполи и шест минариња од кои две ќе бидат повисоки од 90 метри, што е само за десетина метри пониско од највисоката градба во Србија – зградата на Београѓанка. Во рамките на исламскиот центар ќе има и детска градинка, училиште за Куран, информатички центар, училиште за странски јазици и хахал ресторант со 500 места.
Камен темелникот го постави муфтијата Муамер Зукорлиќ, а центарот веќе српските медиуми го нарекоа „муфтиско чудо“.
„Не сум чул дека така го викаат“, вели Зукорлиќ, кој истакнува дека минарињата се одлика на исламската архитектура и имаат улога на упатување повик за намаз, односно молитва и тој повик, според него, треба да се слушне што подалеку.

