Published: Thursday, October 20, 2016 22:36
Павле Беловски, новинар во телевизија Телма, вечерва е нападнат со тупаници и клоци додека се подготвувал од пред зградата на МВР да се јави во живо во последното издание на вестите, од засега непознато лице.
Полицајците кои биле во близина веднаш го привеле напаѓачот и го внеле во полициско комбе.
Тој во моментов е во полициска станица каде што дава изјава, а телевизијата за утре најави пријава за нападот врз новинарот додека ја извршувал својата работа.




