Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народен правобранител: Да има реални услови за слободни и фер избори

0
By Нова ТВ on November 20, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 20, 2016 13:39

Народниот правобранител во пресрет на предвремените парламентарни избори 2016, ги потсетува граѓаните, за важноста на избирачкото право и начинот на остварувањето и заштитата на ова право, а  воедено упатува апел до институциите и сите други за обврската и одговорноста од создавање на реални услови за овозможување, почитување и остварување на избирачкото право на граѓаните, како и правилата за фер и демократски избори.

– Само со остварување на избирачкото право на еднаков начин на општи, непосредни и слободни избори се добива неспорен и реален легитимитет.

Секој има право да се изјасни за својата опција без притоа да трпи никакви последици. Граѓаните се тие кои одлучуваат. Никој не смее во нивно име, преку разни форми на притисоци, уцени и закани да одлучува. Граѓаните не смеат да молчат, напротив мора да бидат активни, затоа што со навремено пријавување на неправилности од кој било вид  го штитат нивното право, а истовремено придонесуваат за демократичноста на изборниот процес во целина, се вели во соопштението.

Народниот правобранител во таа насока ги охрабрува сите граѓани, веднаш и без двоумење да пријават секаква форма на притисок, прекршување на нивните права и на прописите, покрај останатото и на отворената бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител 0800 54321, непосредно во канцеларијата во Скопје и во подрачните канцеларии низ Републиката.

Истовремено, Народниот правобранител укажува дека навремено и ефикасно ќе интервенира во сите случаи на пријавување на повреди на човековите избирачкото право, а истото го очекува и од сите други надлежни органи.

– Народниот правобранител, посебен апел упатува до сите што се на раководни позиции во институциите и до други лица во јавната администрација, да не се осмелат на каков било начин да вршат заплашување и притисоци врз вработените, и да се однесуваат одговорно. Во спротивно таквото однесување е недозволиво и подлежи на кривична одговорност. Во оваа насока, Народниот праворанител ги охрабрува сите вработените во админстрацијата и сите други лица, без двоумење и страв сознанијата за таквите дејствија треба да ги пријават до надлежните институции и до Народниот правобранител, кој без исклучок ќе ја гарантира тајноста на податоците.

Ова се однесува и за сите други работодавачи кои, меѓу другото, на денот на изборите на своите вработени треба да им определат работно време кое ќе им овозможи непречено остварување на правото на глас, без користење закани и други форми на условувања, се наведува во соопштението.

Во пресрет на кампањата за избори, Народниот правобранител упатува апел до сите чинители во изборниот процес, па и до родителите за неопходната потреба да ги заштитат децата и да не ги инволвираат во политички и изборните кампањи, со цел почитување на принципот на најдобриот интерес на детето.  Исто така, и медиумите, особено треба да водат сметка и да не прикажуваат снимки, спотови од кампањи и слично каде се вклучени деца, се со цел децата да бидат заштитени од политички и идеолошки манипулации.

– Досегашните изборни циклуси ја покажаа потребата од поголема соработка, пред се, на Државната изборна комисија, Министерството за внатрешни работи и останатите надлежни институции со цел  спречување на какви било нерегуларности пред, за време и по изборите. За квалитетно спроведување на изборниот процес од особено значење е Државната изборна комисија да не го усложнува остварувањето на правото на категоријата немоќно или болно лице и да овозможи нивен целосен опфат без дискриминација и на овие избори да гласаат надвор од нивното живеалиште, односно во местото каде што престојуваат (болници, старски домови и слични установи).

Истовремено, Народниот правобранител потсетува дека медиумите имаат клучна улога во заштитата на избирачкото право. Оттука, од особена важност е начинот на кој тие ги пренесуваат информациите. Затоа потребно е објективно, избалансирано и доследно информирање,  и  придржување  кон етичкиот кодекс за информирање.

Ако слободните избори со тајно гласање се столбот на демократијата, тогаш обврска на сите чинители во општеството е да обезбедат реални услови за слободни и фер избори.

Вистинска плурална демократија не може да се постигне само со нејзино декларативно прогласување, туку таа првенствено бара одговорност и отчетност на сите, а особено на извршната власт, се вели во соопштението од Нардониот правобранител во пресрет на претстојните предвренмени парламентарни избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија тврди дека Полска е вмешана во атентатот врз рускиот генерал

February 9, 2026

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија

February 9, 2026

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026
ФОКУС
February 9, 2026

Скопје: ССМ повикува на блокада на пратениците пред собранието – утре, вторник 9:00

ВЕСТИ February 9, 2026

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ…

Утре во 9 часот почнува работнички протест со блокада на пратениците

February 9, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

February 8, 2026

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026
ТИКЕР

Русија тврди дека Полска е вмешана во атентатот врз рускиот генерал

February 9, 2026

Социјалистот Антонио Хозе Сегуро убедливо победи на претседателските избори во Португалија

February 9, 2026

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.