Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО од Варшава ќе ја упати главната порака до Москва

0
By Нова ТВ on July 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 7, 2016 14:26

Утре во Варшава започнува Самитот на НАТО, кој се смета за еден од клучните на шефовите на држави и влади на 28 те земји членки, по тектонските безбедносни и политички промени во светот, од одржувањето  на последната ваква средба на највисоко ниво во Велс пред две години.

Симболично, Самиот се одржува во Варшава, со што јасно се упатува порака за позицијата на Источноевроспките земји во однос на Русија, чија политика станува се поагресивна кон овој дел од Европа. Во тој контекст е и одлуката на Алијансата за распоредување на засилено воено присуство во неколку балтичките земји Летонија, Естотнија, Литванија и во Полска –4 баталјони со вкупно 4.000 војници, или 600 до 1000 во секоја земја, како „постојано присуство“.   Ова се смета за активирање на заканата кон Русија – ако се одбидете нешто, ние сме тука, а Алијансата е обединета.

Дека основниот принцип на неповредливост на границите е „доведен во прашање со зборови и дела“ потврди и германската канцеларка Ангела Меркел, говорејќи во Бундестагот, ден пред почетокот на Самитот.

– Руските постапки „длабоко“ ги вознемирија членките на НАТО на Истокот. Тие имаат потреба од „недвосмислена поддршка од страна на Алијансата“, рече германската канцеларка токму во однос на планираното стационирање сили во источните членки на НАТО, додавајќи дека застрашувањето и дијалогот се „неделливи“ еден од друг, но сепак, и натаму останува подадената рака за соработка кон Москва, изиави Меркел.

Една од пораките од Самитот ќе биде и дека НАТО продолжува со проширувањето, а во тој контекст е и примерот на Црна Гора во членството. Оваа порака има симболика, бидејќи доаѓа по неодмнешното поштишување на Декларацијата за воено неутрален Балкан на Конгресот на партијата на рускиот претседател Путин, Единствена Русија во Москва, од страна на претставници на политички партии од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија. Од македонска страна потписник е Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократската партија на Србите, дел од владината коалиција на ВМРО ДПМНЕ.

Уште пред да се објави агендата на НАТО самитот, македонскиот претседател Ѓорге Иванов за домашните медиуми соопшти дека тој нема да присуствува на Самитот, поради, како што соопштија од неговиот Кабинет „игнорирањето на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти, безбедносните предизвици во регионот“.

Но ова доби шпекуклативен карактер откако се појавија реакции дека Иванов и воопшто не бил поканет да присуствува.

Дипломатски извори за НОВА објаснуваат дека Иванов треба да биде поканет на состанок на шефови на држави и влади на НАТО кога темата се однесува на Авганистан, каде Македонија е дел до сојузничката мисија за поддршка. Но немаат обврска за покана на ниту еден друг официјален состанок на лидерите на Алијансата. Во случај да сака да поентира во овој контекст со повикување на меѓународната правда, тогаш, велат дипломати, Иванов тоа би требало да го направи во вид на писмо, но никој не верува дека тоа ќе се случи.

Но, Самитот сепак нема да се фокусира исклучиво на военото присуство во Источна Европа, туку на маса ќе биде ставено и едно од прашањата актуелно веќе подолго време – безбедносните закани на Југот.

Како што спомена и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг неодамна, НАТО инсистира на воено присуство секаде на Југот – во Ирак и во Либија, кои се под закана од тероризам. НАТО со тоа сака да го потврди своето присуство и да ја покаже подготвеноста на сојузниците на заеднички настап  и обединетоста на Алијансата.

На самитот ќе има и одлуки кои ќе бидат повеќе симболични, како што е преместувањето на камповите за обука од Јордан во Ирак и активирање на леталата АВАКС на НАТО стационирани во Германија, кои би помогнале во набљудувањето на регионот, иако според НАТО тие ќе ги надлетуваат само земјите членки на Алијансата.

Исто така ќе бидат отворени и и некои политички поглавја, особено за односите НАТО – ЕУ што Алијансата сака да ги консолидира и не само оние кои се однесуваат на воени прашања, туку на граѓанските.

Оваа дебата ќе се води за време на утрешната вечера со лидерите на ЕУ, каде според најавите, клучниот збор веќе нема да биде „напревар“ меѓу овие две организации, туку за поделба на задачите и за меѓусебна соработка.

Нема да биде избегната и темата Брегзит.

Излегувањето на Британија од ЕУ што ќе се случи во следниве години ќе го натера Лондон да ја зајакне својата улога во НАТО. Тука Британија би морала да ја покаже својата сила, влијанието и меѓународната тежина. Затоа разговорите меѓу НАТО и ЕУ лидерите ќе треба да се одговорат на прашањето – што после Брегзит.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
ФОКУС
February 8, 2026

НСПВ: Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани

ВЕСТИ February 8, 2026

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во…

Нови руски напади во Украина

February 8, 2026

Милано: Протести против Олимписките игри – го нарушувале еко системот но и живото во градот станал прескап

February 7, 2026

МВР заплени нови 40 тони марихуана наводно поради неусоглесеност на количествата со лиценците  

February 7, 2026
ТИКЕР

Албанија ја укина едногодишната забрана на „Тик-ток“

February 5, 2026

Американската амбасада во Приштина: Одлуката за Српската листа го поткопува партнерството меѓу САД и Косово

February 3, 2026

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.