Независниот полициски синдикат бара одговорност од директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, а министерот за внатрешни работи  да одговара да сведочи зошто го ставил да го води Оперативниот штаб, по насилствата во Собранието на 27 април.

На денешната прес конференција која симболично се одржа пред Собранието, за што директен повод е суспендирање на четворица припадници на ЕБР завчера. Ова според нив е хајка против полицајци.

Синдикалците бараат Чавков да се врати од одмор и заедно со другите полициски раководители да ги сподели вината и одговорноста за собраниските инциденти.

Вчера и Македонскиот полициски синдикат побара да не занемари командната одговорност, а сите постапки против полицајци да се водат внимателно и врз основа на поединечна одговорност.

Досега се суспендирани вкупно 22-ца припадници на МВР. 20 полицајци не презеле постaпки за спречување на инциденти, еден вработен во СВР Скопје учествувал директно во нападот врз пратениците, а помошник министерот Небојша Стајковиќ е суспендиран поради тригодишно нефункционирање на системот Тетра кој не ги снимил полициските наредби.