Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, смета дека првата средба после подолго време ќе биде искористена за купување сигнали од страна на преговарачот Метју Нимиц. Нема да има баш на таа средба предлог, смета Димитров

-Проблемот со црвени линии и јавно соопштување на црвени линии е што во основа го стеснува просторот на поместување и ако има страна не само за овој спор. Генерално ако има страна што многу детално, многу јасно ги соопштува своите црвени линии, тогаш тоа е сигнал дека нема да има нужна флексибилност за да се надмине рзликата. Вториот проблем со црвени линии што јавно се соопштуваат,од старт се кажува последната црвена линија на Грците. Во основа, многу тешко може да се спрведат успешни разговори за некое прашање ако се разменуваат пораки преку јавност. Покорисни се суптилните сигнали. Идентитетските прашања треба да се извлечат и дека ако Македонија се чувствува загрозени за тоа кои сме, нема да има решение за овој спор – рече вечерва Димитров во емисијата „Топ тема“.

За Димитров во основа прашањето е предмет на јавна дебата. Тој вели дека одговорноста е на целата нација и дека процесот ќе заврши на референдум. Димитров уверува дека тој нема да брани решение што не е за бранење.

-Факт е дека новата надворешна политика и добрососедските односи има за цел да ги отстрани аргументите на оние политички сили кои сакаат Македонија да остане блокирана.Важно е домашните реформи да си ги завршиме темелно за да стане очигледно и срамно блокирањето на Македонија. Да ги одземеме аргументите на оние кои сметаат дека блокадата кон Македонија е исправна политика. Јас лично мислам дека таа авантура со антиквизацијата беше едно неразбирање за тоа како функционира светот, давање аргументи на негативни сили, губење поддршка од земји поддржувачи.  Да ја сведеме битката за името на античката приказна е неодговорна политика – рече Димитров.

Според Димитров, кога имате проблем со држава што е помоќна од вас, вие треба да го изберете полето и според него тоа поле треба да биде меѓународното право.

-Нема да се откажам од тоа пријателско убедување дека долгорочниот интерес наш се совпаѓа со интересот на Грција да има стабилен европски демократски сосед – вели тој.

Димитров вели дека обидите да се прикаже резервен план се комични обиди. Планот Б е дека мора да бидеме издржливи на вистинскиот правец. Не смееме да го изгубиме моралниот компас – вели Димитров.