Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нобеловата награда за физика 2025 за тројца квантни научници од САД

0
By Zoran Ivanov on October 7, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нобеловата награда за физика оваа година ја добија Џон Кларк, Мишел Х. Деворе и Џон М. Мартинис „за откривање на макроскопско квантно механичко тунелирање и квантизација на енергијата во електрично коло“, соопшти денеска Кралската шведска академија на науките.

Тројцата научници се поврзани со Универзитетот во Калифорнија (UC), а Деворе има и ангажман на Универзитетот Јеил. Деворе и Мартинис работат во кампусот Санта Барбара на Универзитетот во Калифорнија, северозападно од Лос Анџелес, додека Кларк е дел од Универзитетот во Беркли, во близина на Сан Франциско.

Квантната механика ѝ овозможува на честичка да помине директно низ пречка, преку процес што се нарекува тунелирање, се наведува во соопштението на Академијата при објавувањето на наградата во вторникот.

Во соопштението се објаснува дека едно од клучните прашања во физиката е – колку голем може да биде системот кој сè уште покажува квантни механички ефекти.

Оваа година, добитниците спровеле експерименти со електрично коло во кое „ги демонстрирале и квантното механичко тунелирање и квантизираните енергетски нивоа во систем доволно голем за да може да се држи во рака“.

Кога се вклучени голем број честички, ефектите на квантната механика обично стануваат занемарливи. Но, експериментите на овие физичари покажале дека „квантно-механичките својства можат да се направат видливи и на макроскопско ниво“.

Прекрасно е што славиме како квантната механика, стара веќе еден век, и понатаму нè изненадува со нови откритија. Таа е и исклучително корисна, бидејќи ја претставува основата на целата дигитална технологија, изјави Оле Ериксон, претседател на Нобеловиот комитет за физика.

 

2025 награда Нобелова физика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.