Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

0
By Zoran Ivanov on March 16, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 16, 2026 14:13

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Со оваа одлука, бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по повисоки цени, што претставува ново оптоварување за граѓаните и транспортниот сектор.

Според новиот ценовник, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за седум денари по литар. Со тоа, максималната малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 88,50 денари.

Зголемување има и кај дизелот. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,50 денари по литар и од полноќ ќе изнесува 92 денари. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 89,50 денари за литар.

Повисока цена ќе има и мазутот. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 4,867 денари по килограм и ќе изнесува 47,453 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија за енергетика објаснуваат дека новото зголемување на цените е резултат на растот на берзанските цени на нафтените деривати на светските пазари, како и на зајакнувањето на американскиот долар во однос на денарот во изминатиот петодневен период.

Иако се работи за утврдување на максимални малопродажни цени, од Комисијата посочуваат дека трговците имаат можност горивата да ги продаваат и пониско од утврдените износи. Воедно, РКЕ упати препорака до нафтените компании да ги намалат цените за два денари по литар, повикувајќи се на договорениот попуст меѓу Владата и главниот снабдувач „Окта“, со цел граѓаните директно да почувствуваат делумно олеснување.

Ова е второ значително поскапување во краток период. Само минатиот понеделник дизелот поскапе за 14 денари по литар, додека бензините се зголемија за пет денари.

Според пресметките, со најновата одлука цените на горивата бележат просечно зголемување од околу девет проценти во однос на претходната недела. Сепак, од РКЕ тврдат дека и покрај растот на цените, горивата во земјава и натаму остануваат меѓу поевтините во регионот и во Европа.

 

Бензини поскапи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026Updated:April 12, 2026

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

ВЕСТИ April 12, 2026

Православните христијани утре го одбележуваат Велигден – празникот на Христовото воскресение, кој се смета за…

По 1.117.515 километри и круг околу Месечината НАСА го спушти Орион на Земјата

April 11, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

April 9, 2026

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.