Земјотрес со интензитет 2,9 степени според Рихтер и IV степени според Меркалиевата скала е почувствуван синоќа во 22 часот и 34 минути во Охрид и Ресен, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри западно од Охрид, со длабочина од 2 километри.