Индексот содржи речиси 50 фактори, од оброци во ресторан од средна категорија па се до чланарина во теретана, шише вино или филџан кафе.
Во државите од Источна Европа цените се значително пониски, додека оние во земјите од западниот дел е исклучително поскапо, покаќува индексот на трошоци за 2018 година на интернет страницата Numbeo.com.
Швајцарија е најскапа држава во Европа и втора најскапа во светот. Пред неа на листата се наоѓаат само Бермудските Острови, а потоа следуваат Ирска, Норвешка, Бахами, Луксембург, Данска, Сингапур, Јапонија и Израел.
Најефтини земји во светот се Пакистан, Египет, Украина, Тунис, Косово, Грузија, Азербејџан, Бангладеш и Алжир. Најевтина земја во Европа е Украина, која се наоѓа на 113 место на светот, потоа Косово на 109 место и Молдавија на 101 место.
Интернет страницата Numbeo.com својот индекс на трошоци за живот во 2018 година го пресметува со собирање огромен број податоци од илјадници корисници ширум светот, кои ги запишуваат потрошувачките цени и трошоци од местата во кои живеат.

