Во 2016 година жителите на земјите од Европската унија префрлиле 30,3 милијарди евра во земји надвор од унијата на основ на лични трансфери или нешто помалку од 2015 година кога оваа бројка изнесува 31,3 милијарди, соопшти Европското биро за статистика ЕУРОСТАТ. Одливите по овој основ се два пати поголеми од приливите – лани во земјите на ЕУ од неевропските земји влегле 9,9 милијарди евра. Ова резултираше со негативен баланс на унијата (-20,4 милијарди евра) во однос на остатокот од светот.
Според ЕУРОСТАТ, овие одливи во најголем дел се направени од припадниците на дијаспората кои ги помагаат своите семејства дома. Од земјите во ЕУ во Македонија минатат година влегле 193 милиони евра.

