Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, а во западните делови ќе има локален дожд, кој во ноќните часови ќе се прошири на повеќе места.

Локалните врнежите ќе бидат пообилни во југозападните делови.

И во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат повеќе застапени во западниот и југозападниот дел од земјава.

Во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет и локално застапени.

Температурата на воздухот ќе биде релативно ниска за овој период, особено од четврток, кога максималната ќе биде од 16 до 23 степени