Published: Sunday, May 24, 2026 12:09
Македонија денеска го одбележува денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Во Охрид во црквата „Света Софија“ ќе се одржи свечена академија под мотото „Од слово до вечност“.
Собраниска делегација е во Рим каде вчера поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан во базиликата „Сан Клементе“ одржа молебен во чест на Св. Кирил.
Честувувањето на браќата Кирил и Методиј почна во петокот кога пред платото на најстариот универзитет во земјава кој го носи името на светите браќа беше положено цвеќе, а потоа се одржа свеченост во Ректоратот на универзитетот на кој беа прогласени најдобрите дипломирани студенти.




