Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска му го врачи Орденот „8-ми Септември“ што му го додели на кардиологот и алпинист Сашко Кедев, а како признание за неговиот долгогодишен професионален и општествен ангажман.
Високото државно одликување на д-р Кедев му се доделува за „храбар придонес во конституирањето на самостојна и независна Република Македонија и активното учество во развојот на македонската демократија но и за резултатите што ги постигнал во медицината и алпинизмот.
Во образложението се потенцира дека Кедев со децении ужива углед на врвен интервентен кардиолог, кој во домашното здравство вовел иновативни техники и методи. Зад него стојат неколку илјади коронарни интервенции и над 1.600 трансрадијални каротидни
Во образложението, пак, особено место има неговиот алпинистички ангажман: Кедев се опишува како прв Македонец што ги искачил сите 14 светски планински врвови повисоки од 8.000 метри. Овој подвиг е квалификуван како „историски“ – не само во спортска и алпинистичка смисла, туку и како симболичен потпис на државата на мапата на светскиот алпинизам.
Орденот „8 Септември“ традиционално се доделува на личности и институции што имаат значаен придонес во стекнувањето и зацврстувањето на државноста, како и во промоцијата на Македонија во различни области од политика и наука, до култура, спорт и хуманизам.
Успесите и придонесите на д-р Сашко Кедев се комбинација од медицина, наука, спорт и учество во процесите на демократизација, пример што ги спојува професионалниот успех и јавниот ангажман.

