Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осум илјади компании можат да користат владина финансиска поддршка

0
By Нова ТВ on May 7, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу осум илјади компании би можеле да ги исполнат условите за користење на владината финансиска поддршка, оцени денеска министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Според Апостолска, првичната бројка на компании кои можеле да ги искористат предвидените средства од државата била седум илјади, но со новите законски порписи, бројката барем од сегашна перспектива, ќе изнесува осум илјади.

Одговорајќи на новинарско прашање пред презентацијата на владината финансиска поддршка во Стопанската комора на Македонија, министерката ги потврди најавите на премиерот Зоран Заев дека интензивно се преговара со странски компании за инвестирање во Македонија.

– Меѓу компаниите има и италијански, главно од областа на медицинската опрема. Има и од други држави. Интензивно се преговара и тоа многу сериозно, потенцира Апостолска. 

Ова го потврди и амбасадорот на Италија во Македонија Карло Ромео кој одговорајќи на новинарско прашање изјави дека бирократските процедури, бавната администрација и несоодветните квалификации на работната сила се клучните слабости што ги детектирале италијанските бизнисмени.

„По период на забавување и одложување на одлуките на италијанските компании за инвестирање во Македонија поради политичката криза, последниов период забележуваме повторно враќање на интересот. Италијанските инвеститори се заинтересирани не само за регионалниот, туку и за европскиот пазар“, рече Ромео.

Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Италија во периодот јануари – февруари 2018 година е 104,72 милиони американски долари. Извозот изнесува 32,75 милиони, додека увозот достигнал 71,97 милиони долари. Остварен е дефицит од 39,22 милиона американски долари.

Италија е шести најголем трговски партнер на Македонија во периодот јануари – февруари 2018 година. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.