Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палитов: Не сме за издавање на „Фени“ под наем

0
By Нова ТВ on January 13, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во „Фени“ не се за издавање на нивната фабрика под наем, затоа што со тоа нема никаква иднина за вработените, а закупецот може во секој момент да си оди затоа што не платил ниту денар за фабриката, ниту има некаква инвестиција во неа.

Ова го истакна денеска Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација во кавадаречкиот комбинат. Тој рече дека нема да дозволат некој да прави краткорочни профити без да инвестира и без да се знае судбината на сите вработени и на побарувањата на сите доверители.

– Стечајот треба да заврши во најкраток рок, како и што ни беше ветено, независно дали Апелација ќе ја врати фабриката во предстечајна постапка или преку реорганизација – апелираше Палитов до надлежните институции.

Тој се осврна и на, како што рече, вчерашните обвинувања кон него како претседател на Синдикалната организација при „Фени Индустри АД“, од страна на некои медиуми.

– Имено, јас ја имав таа несреќа да бидам претседател на Синдикатот на „Фени“ во можеби најтешкиот период во последните 15 години. Но во едно сум сигурен, а тоа е дека ја извршувам оваа функција максимално транспарентно, со преголема енергија и само со една цел, враќање на „Фени“ на правите патеки, односно помагање за рестартирање на комбинатот. Во согласност со ова како и за моите колеги, јас како борец за општото добро сум во постојан контакт и со другите загрозени субјекти од овој стечај, а тука спаѓаат и транспортерите. Точно е дека јас бев присутен на тој состанок по нивно барање и разговаравме за моменталните проблеми и евентуалните последици за сите нас. Ниту имам лична корист од некого да фаворизирам, ниту имам желба да критикувам. Имам улога на лидер на вработените и тоа го правам. Ние само сакаме „Фени“ да добие сопственици кои го сакаат најдоброто за фабриката и кои се подготвени да инвестираат во неа – рече тој.

На сите кои се служат со закани и уцени, им порача да се појават јавно и да не се кријат, затоа што, како што нагласи, ќе им следи и кривична пријава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.