Папата Францис најжестоко го осуди абортусот како „ужасен“ симптом на „фрагментирана култура“ која не го цени животот.
Конзервативците во Римокатоличката црква кои го обвинија Папата за неизјаснување на неговиот став во однос на абортусот, се влијанието поради кое поглаварот на Римокатоличката црква во понеделникот најостро реагираше по ова прашање.
„Ужасно е да се помисли дека има деца, жртви на абортусот кои нема да го видат денот“, објаснува папата Францис. Според него, за жал она што се фрла не е само храната, но исто така и луѓе.
Од неговиот избор во март, врховниот свештеник на Римокатоличката црква никогаш не го промени ставот на црквата во однос на абортусот.
Конзервативците му забележаа на папата Францис по неговото интервју во септември, кога тој во интервју за италијанскиот магазин „Civilta Cattolica“, рече дека црквата мора да се разбуди од опсесијата за абротусот, контрацепцијата и хомосексуалноста.
Во неговиот говор во понеделникот во Ватикан, тој исто така го осуди насилството во Сирија, како и другите жаришта ширум светот, образложувајќи дека мирот е под закана „од сите одбивања на човечкото достоинство“.

