Published: Sunday, July 24, 2016 15:00
Почина Димитар Мирчев, универзитетскиот професор и редовен член на Европската академија на науки и уметности. Тој е роден во Сливен, во 1942 година.
Мирчев е поранешен амбасадор на Македонија во Словенија и нерезидентен амбасадор во Ватикан, а извршуваше и важни функции во политичкиот живот на Македонија.
Беше основач на Младата демократска странка, на Македонскиот совет на Европското движење и еден од обновувачите и член на Либералната партија на Македонија.
Од 1991 до 1993 беше специјален пратеник на Претседателот на РМ во процесот на меѓународното признавање на независноста на Македонија.




