Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна аплицирањето за субвенции за откупувачите на сливи и пченица

0
By Нова ТВ on October 22, 2018 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откупувачите на сливи и преработувачи на пченица од денеска до 25 декември ќе може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за откупени сливи и пченица од домашно производство од годинашната  реколта.

Субвенции за откупени сливи може да добијат правни лица регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи запишани во Регистарот на откупувачи кои извршиле откуп на сливи од годинашната реколта од домашно производство.

– Финансиската поддршка се исплаќа за количините кои се откупени во период од 15 август до 15 септември 2018 година и за истите исплатата да е извршена најдоцна до 15 декември 2018 година по цена не пониска од 5 денари по килограм. Висината на поддршката изнесува 2 денари по килограм, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Субвенции за пченица пак може да користат правни лица регистрирани за преработка на земјоделски производи запишани во Регистарот на откупувачи, кои извршиле откуп на пченица од годинашната реколта од домашно производство директно од земјоделските стопанства. Финансиската поддршка ќе се исплаќа за количините откупени најдоцна до 15 септември, а висината на субвенцијата изнесува еден денар по килограм.

Заинтересираните треба да поднесат барање најдоцна до 25 декември, а како документи треба да достават склучен договор со секое земјоделско стопанство, доказ за откупот  и доказ за извршена исплата. Барањата со документите треба да се достават до писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој или по пошта на адресата „бул. Трета македонска бригада бр.20“, 1000 Скопје. Образците за поднесување на барањата може да се подигнат во Агенцијата или да се превземат од веб страната www.ipardpa.gov.mk, во делот „Директни плаќања 2018“, „Обрасци“.

Од Агенцијата информираат дека со цел стабилизирање на цената на доматите и повлекување на вишокот на производството од пазарот воведена е и дополнителна поддршка од седум денари по килограм за продадени домати во преработувачки капацитети во период од 27 јуни до 15 јули 2018 година.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.