Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полесни царински процедури за овластените економски оператори

0
By Нова ТВ on November 29, 2018 ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Компаниите, особено извозно-ориентитираните, треба да имаат статус на овластен економски оператор (ОЕО) што ќе им овозможи олеснети царински постапки не само во Македонија, туку и во регионот. Aко компанијата е извозно ориентирана и има ваков статус тоа значи дека нивните производи директно од фабрика со олеснети царински процедури, ќе поминат во Србија, Косово, Албанија и во сите земји опфатени со Западно-балканската иницијатива која ја покрива Берлинскиот процес.

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, паралелно со инвестициите во инфраструктурата, треба да се најде и начин што ќе овозможи побрз транспорт на стоката од компаниите надвор од државата.

– Нема никаква логика да инвестирате една милијарда евра во автопатот, а патувањето на стоката би се скратило за 15-20 минути, ако притоа вашите шлепери чекаат на границите пет до шест часа, истакна Анѓушев на денешната работилница за овластен економски оператор во Царинската управа.

Тој нагласи дека компаните треба да ги препознаат предностите што им се нудат со стекнувањето на статусот на ОЕО и да исполнат соодветни услови, бидејќи тоа ќе им овозможи да бидат меѓународно познати и поконкуретни на пазарите надвор од Македонија.

– Не може да бидете голема индустрија во Македонија, ако не сте извозно-ориентирани, рече Анѓушев, додавајќи дека во последната година извозот е зголемен за 14 проценти, а увозот за 10 проценти. Тоа, според него, е добро и може да се очекува раст од четири проценти на БДП доколку градежништвото заживее, а како што кажа, во август, веќе е забележан раст во гареджништвото од пет проценти во однос на истиот месец од минатата година.

Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски посочи дека главен приоритет на Царината во следната година ќе биде воведувањето  на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи.

-Тоа ќе биде позитивен импулс врз царинското работење, а на стопанството ќе му бидат намалени трошоците и времето на чекање во спроведувањето на царинските постапки и формалности, рече Танасоски. Во првиот квартал, како што кажа, ќе се почне со пилот испостави, а докрајот на првата половина на 2019 година ќе се воведе системот на целата територија на Македонија.

Воведувањето, пак,  на системот на ОЕО, како што рече, е еден вид на марка на квалитет која ќе биде многу важна зак омпаниите од Македонија при нивниот настап првично во ЦЕФТА регионот, а потоа во ЕУ и во светот.

-Концептот на ОЕО не значи само дека компанијата е добра само во финансиската страна на работењето, туку и дека работи безбедно и сигурно согласно признатите европски стандарди и дека со усвојувањето на овој концепт ќе биде препознаена дека ги испорачува сите правила, процедури и препораки кои се бараат во ЕУ и во светски рамки. Овој концепт претставува додадена вредност за самите компании, бидејќи во регионалните синџири за снабдување првично ќе се бараат компании кои испорачуваат сигурност и безбеддност и што е најважно нивните камиони да не чекаат на границите, рече Танасоски и додаде дека сите  досега спроведени анкети и анализи покажуваат дека на просторите на Западен Балкан се губи најмногу време во завршување на граничните процедури и формалности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.