Полицијата не му издава пасош на фармерот Душко Илиевски кој бара политички азил, бидејќи како што вели, не можел повеќе да ја издржи тортурата од државата, објави Телма.

– Побарав политички азил за да ја напуштам оваа држава. Тортура врз мене има многу, од 2008 до 2016 немаат запрено со полиции, комбиња ми идат, вели Илиевски.

Душко Илиевски во јавноста познат како Душко Млекарот јавноста го памети како водач на фармерите кои протестираа пред шест години кога шведската млекарница Сведмилк не им го исплати млекото.

Тој беше најгласен меѓу фармерите, а го предводеше и таканаречениот погребален марш на македонското сточарство кога низ улиците наместо некролози беа залепени фотографии од Никола Груевски, а подоцна беше обвинет дека на својата нива одгледува марихуана.

Случајот го пријавил и во Хелсиншкиот комитет за човекови права.