Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за попладнево најави нов протест. Како и минатата среда, протестот ќе почне пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе заврши пред Владата на Република Македонија.

Кон крајот на минатиот месец, партијата на седницата на Извршниот комитет донесе одлука во наредниот период да организира протести против политиките на власта.

Минатиот протест се одржа на 28 ноември, кога лидерот на партијата Христијан Мицкоски најави „национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење  на Зоран Заев, економското и националното разнебитување“, и дека протестите ќе продолжат не само во главниот град, и во други градови низ Македонија.