УХМР соопшти дека и денес подрачјето на Македонија ќе остане под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови повторно ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локален ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Најпрво ќе бидат зафатени западните делови а потоа кон крајот на денот и во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер.

Повремени врнежи ќе продолжат и преку ноќта.

Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. Во Скопската котлина времето ќе биде променливо а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 ст