Собраниската прес служба соопшти дека седницата на Комисијата за финансирање и буџет што беше закажана за денеска за 11 часот, е одложена, но не се наведуваат причините за тоа. Оваа седница почна со работа во понеделникот а единствена точка е Предлог буџетот за 2018. Во вторникот беше најавено нејзино продолжение, но по информациите за приведување за настаните од 27 април во Собранието, беше откажано. Не беше одржано и продолжението најавено за вчера.
Општиот претрес по предлогот според Деловникот трае 10 работни денови. По предлогот се поднесени 279 амандмани.

