Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Позитивни финансиски резултати за „Алкалоид“ во 2017 година

0
By Нова ТВ on February 28, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 6.932.176.270 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.305.754.848 денари, бележи зголемување од околу 8%, единечната нето добивка изнесува 765.954.710 денари и истата е зголемена за 9%.

Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 9.094.716.094 денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 5%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 13%. Од вкупните консолидирани продажби,38% се остварени на домашен пазар, додека 62% се остварени на странски пазари.

Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 202.665.540 денари, што претставува зголемување за 13 пати и Унгарија со продажби од 31.452.936 денари што претставува зголемување за 3,5 пати споредено со истиот период од минатата година.

Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Романија раст од 60%, Чешка раст од 22%, Полска раст од 65%, Словенија раст од 12%, Хрватска раст од 13%, Русија раст од 17%, Украина раст од 208% итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 85%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21%, Кардиолошките препарати со 16%, Антибиотиците со 14%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 15% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 9% и Билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.413.336.067 денари бележи раст од 9%, додека нето консолидираната добивка во износ од 809.277.171 денари е зголемена за 11%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2017 година изнесуваат 861.420.437 денари.

Во периодот јануари – декември 2017 година во Алкалоид се реализирани 143 нови вработувања во Република Македонија.

*Овој текст е од дел од маркетинг текстовите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.