Иницијаторите за реформи во ВМРО–ДПМНЕ добија поддршка да истраат во борбата за демократизација на партијата од пратениците кои беа дел од првиот парламентарен состав, со што потпишаа Декларација со која треба да дојде до модернизација на ВМРО–ДПМНЕ- со наслов „Демократска ВМРО-ДПМНЕ за демократска Македонија“. Меѓу потписниците се Михаил Пановски, Ратка Димитрова и Ѓулистана Марковска.
-ВМРО-ДПМНЕ да се реформира во демократска партија, а не како што е сега султан-партија. Да се врати на старите победнички патеки. Како пратеници ги поддржуваме реформистите и мора внатрепартиската демократија да биде застапена, а се во интерес на државата и на партијата, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од првиот состав Михајло Пановски.
Александар Михајлоски од иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ рече дека му е чест што добиваат поддршка од пратениците кои го поставиле темелот на Република Македонија.

