Published: Wednesday, October 12, 2016 21:36
Премиерот Емил Димитриев вечерта пред да се распушти Собранието, побара од пратениците да изберат нов министер без ресор, јави 24 Вести.
Доцна попладнево во Собранието пристигнал предлог за разрешување на министерот без ресор, Фуркан Чако, додека на неговото место е предложен Бејџан Иљас, кој е доктор вработен во болница во Тетово.
Фуркан Чако како министер беше предлог на Демократската партија на Турците. Засега од Владата нема објаснување зошто е побарана промената на министерот.




