Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

0
By Zoran Ivanov on October 8, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Одбрана на демократијата: Бојното поле на вистината“ е генералната тема на тридневната меѓународна конференција чиј домаќин во Скопје три дена е невладината ЦИВИЛ – центар за слободаз

Почнува денеска, среда 8-ми октомври.

Прес конференцијата, средбата со медиумите, е закаажана за 13:30 часот во Хотел Континентал , сала Континентал клуб.

Покрај ЦИВИ-центар за слобода, ко-организирана во партнерство со членовите-основачи на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата, Нов европски граѓански форум (меѓународен) и Медиа дијалог (Германија) – и во соработка со партнерските организации на Вестминстерската алијанса за Украина, вклучувајќи ги Centro Studi Internazionali (Италија) и Здружението Жан Моне (Франција), настанот ќе се осврне на дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократијата, слободата на медиумите, безбедноста и интегритетот на изборите.

Програмата е во три последователни денови, среда, четврток и петок.

Конференцијата е дел од проектот Демократски навигатор поткрепена од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Секоја сесија ќе обезбеди можности за дискусија, прашања и одговори, овозможувајќи им на учесниците директно да придонесат во дебатата.

Прв ден, среда, 8-ми октомври

Тема: Разбирање на заканите – Обликување на одговорот
Место: Хотел Континентал

  • 10:00–13:00| Градење сценарија зад затворени врати
    Јазици: македонски, албански и англиски (флексибилна повеќејазична работна сесија)
  • 13:00–13:30| Меѓународна прес конференција
    Вестминистерски сојуз за Украина, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода | Јазик: англиски
  • 13:30–14:00| Национална прес конференција
    ЦИВИЛ – Центар за слобода | Јазици: македонски и албански
  • 15:00–17:00| Вмрежување и состаноци
  • 18:00–20:00| Воведен панел – Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: 
  • Лекции и следни чекори
  •                                                                     Говорници:
  • Роџер Касале – Поранешен пратеник, основач и координатор, Вестминистерски сојуз за Украина, Обединето Кралство (лично)
  • Волфганг Ресман – Претседател, Нов европски форум на народите, претседател, Медија дијалог, Германија (лично)
  • Олександар Мережко – Член на Врховната рада, Украина
  • Гудрун Штајнакер – Потпретседателка, Здружение на Југоисточна Европа, Германија, поранешена амбасадорка
  • Емануеле Ерихиело – Заменик директор, „Centro Studi Internazionali“, Италија
  • Хедер Роберсон Гастон – Експерт за човекови права; Универзитет на Вирџинија, САД
  • Жан-Ив Леконт – Поранешен сенатор кој ги претставува француските граѓани во странство; „Place Publique“, Франција
  • Катерина Павлова – Експерт за граѓанско образование и демократија, CRISP – Германија/Украина
  • Оливие Ведрин – Политиколог и аналитичар; Асоцијација Жан Моне – Франција
  • Фрисо Вирсум – Менаџер за комуникации – Европска фондација за култура – Холандија
  • Иштван Хегедус – Претседател, Унгарско европско друштво; политиколог, поранешен пратеник

Модератор: Џабир Дерала – Претседател, ЦИВИЛ – Центар за слобода

Јазик: англсики / Високопрофилен меѓународен панел, пренос во живо

Настан организирани од ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со Вестминистерски сојуз за Украина и партнерите

*  *  *

Втор ден, четврток, 9-ти октомври

Тема: Научени лекции – Заштита на демократијата
Место: Хотел Континентал | Јазик: македoнски

  • 08:00–09:30| Состанок за стратешко планирање зад затворени врати (партнери и одбрани учесници)
  • 09:30–10:00| Регистрација и кафе (кратки изјава за медиумите пред врата)
  • 10:00–11:00| Панел 1: Демократско назадување: Импликации и последици

Панелисти:

  • Никица Корубин – магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка
  • Тони Поповски – политиколог, архитект, поранешен министер за животна средина
  • Сашо Орданоски – Проф. д-р, политички аналитичар
  • Џелал Незири – Институт Бирц, политички аналитичар
  • Оливер Андонов – професор на Воена академија
  • Џелал Хоџиќ – Лидер на политичката партија СДА –Македонија, колумнист и аналитичар
  • Сефер Селими – Democracy Lab, политички аналитичар

Модераторка: Дијана Тахири

*   *   *

  • 11:30–12:30| Панел 2: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

Панелисти

  • Александар Новакоски – адвокат, поранешен претседател на ДИК и претседател на Работната група за изборни реформи
  • Александар Спасов – редовен професор по правна теорија и филозофија на правото
  • Бесим Небиу – политички аналитичар
  • Џабир Дерала – претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода

Модераторка: Биљана Јордановска

  • 14:00–17:00 / Работилници зад затворени врати.
    Работните групи, модераторите и известувачите ги консолидираат дискусиите во нацрт- заедничка изјава и стратешки препораки
  • Вечерта: Вмрежување и брифинзи

                                                                   *    *    *    

Трет ден, петок, 10-ти октомври

Тема: Од увиди до акција – Градење демократска отпорност
Место: просториите на ЦИВИЛ и соседното кафуле

  • 10:00–12:00| Работилници зад затворени врати
    Теми: Меѓународни (демократија, солидарност, Украина); Национални (изборен интегритет и дезинформации)
    Демократски навигатор – првична проценка и планирање
    Известувачите ги презентираат резултатите; финализирани се заедничките изјави и стратешките препораки
  • 14:00| Конечни соопштенија за печатот
    Јазици: македонски, албански, англиски, германски, БХС
    Презентација на:

    • Заеднички изјави (меѓународни и национални теми) – повеќејазични
    • Првите наоди од Демократскиот навигатор
    • Најава на следните чекори, вклучувајќи и брифинзи за печатот на барање.

 

конференција меѓународна Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.