Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Притвор од 30 дена за првоосомничениот за пожарот во Трубарево, куќен притвор за останатите тројца

0
By Marija Todorovska on September 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано со фирмата во чиј објект за електронски отпад во Трубарево во саботата избувна голем пожар. На другите тројца осомничени во случајот, судија на претходна постапка им одредил мерка куќен притвор.

Основното јавно обвинителство Скопје, синоќа информираше дека по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до отвори истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за останатите тројца побарано е определување куќен притвор.

До Основното јавно обвинителство Скопје кривична пријава вчера поднело МВР против М.Д (56), Л.Д. (26), В.М. (43) и З.С.(59), како и против правно лице со седиште во Трубарево за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“.

ОЈО Скопје соопшти дека Обвинителството издало наредби „за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на правниот субјект во кој непрописно се складирал отпадот, сепак реално настапувал и преземал правни дејствија во односите со трети лица. Како управител на друго правно лице, тој го избирал правниот субјект каде формален управител била неговата ќерка како мнозински коминтент за складирање на отпад, го организирал целокупното работење и ги извршувал одлуките околу работењето, а оттука имал и обврска да се грижи за законитоста на работењето на друштвото и подружницата за рециклирање, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“.

 Затоа во истрагата се опфатени тој и неговата ќерка, како соизвршители кои постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на прописите за заштита на животната средина, вршеле повеќекратно оставање, фрлање, собирање и транспортирање на една или повеќе поврзани пратки од отпадоци и остатоци од електронска и електрична опрема, отпадни батерии и акумулатори и отпадни тонери, како опасен отпад. Отпадот го складирале на катастарска парцела во Трубарево и со тоа предизвикале значително оштетување на  квалитетот на почвата и  воздухот, односно предизвикале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери.

Третиот осомничен е овластено лице – раководител на подружница, кој  постапувал по насоките на првиот осомничен и ги распоредувал работните задачи на вработените при складирањето и обработката на електричниот отпад.

Четвртиот осомничен, иако немал формален акт за засновање на работен однос во правниот субјект, сепак преземал дејствија со кои го организирал понатамошното одлагање на електронскиот отпад. Тој го примал, складирал, сортирал и механички обработувал и електричниот отпад надвор од објектите за кои била издадена дозвола за управување со отпад.

На 13 септември, објектот со непрописно складиран отпад се запалил. Поради обемот и опасноста, пожарот не можел да се стави под контрола и зафатил најголем дел од складираниот електричен отпад како и објектите на подружницата за рециклирање. Согорувањето предизвикало масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух. Како последица на тоа, со извршените мерења на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РС Македонија и на Државниот инспекторат за животна средина утврдена е висока загаденост. Имајќи ги предвид дејствијата на осомничените и ризиците за постапката, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за останатите тројца побарано е определување куќен притвор, појаснуваат од Јавното обвинителство.

Во исто време, како што се наведува, продолжува да се испитува потенцијална одговорност и на други лица, а јавниот обвинител издава наредби за обезбедување докази по кои постапуваат надлежните органи.

обвинителство осомничени пожар притвор трубарево
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.