Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе продолжи расправата по предлог-буџетот за 2018 година.
Општиот претрес по предлогот започна завчера и според Деловникот трае 10 работни денови.
Според парламентарното мнозинство, предложениот буџет е граѓански, креиран на реални проекции. Од опозицијата пак велат дека тој воопшто не е реформски.
Предлог-буџетот пред членовите го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски кој најави трошење на народните пари на вистински мерки кои ќе придонесат за подобрување на економијата и животот на граѓаните, а не, како што рече, на расипништво и непотребни проекти.

