Published: Friday, September 23, 2016 10:48
Денеска во 13 часот треба да продолжи седницата на Комисијата за политички систем на чиј дневен ред е Извештајот на СЈО.
На претходните две продолженија специјалната обвинителка Катица Јанева одговараше на прашања на пратениците.
Синоќа седницата беше прекината бидејќи на Јанева ѝ се слоши и таа ја напушти седницата.
Јанева преку соопштение се извини што ја напуштила седницата поради влошената здравствена состојба. Засега не се знае дали Јанева денеска ќе дојде во Собранието.
Во понеделник е закажана пленарна седница на чиј дневен ред е овој Извештај, инаку втор од формирањето на СЈО.
На седницата на собраниската комисијата, освен за Извештајот за работата на СЈО, треба да се расправа и за Извештајот на Јавните обвинителства.




