Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професорите – штрајкувачи на први август пред Министерство за образование

0
By Нова ТВ on July 28, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 28, 2014 13:18

Доколку до втори август Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип не постапи по укажувањата на Државен просветен инспекторат и не ја повтори постапката за избор во повисоки звања, законски ќе одговара за тројцата професори кои веќе осумнаесет дена штрајкуваат со глад.

Ова се последните информации кои од адвокатската канцеларија Трпеновски им се соопштени на професорите Крсте Шајноски, Александар Костадиноски и Маргарита Матлиеска кои штрајкуваат во просториите на Синдикатот за образование, наука и култура во Штип.

Професорите велат дека доколку во следните три дена не се реши нивниот случај, тие на први август ќе се приклучат на масовниот штрајк кој го организира СОНК пред Министерството за образование во Скопје.

Професорот Крсте Шајноски за НОВА ТВ вели дека веќе и здравствената состојба им е влошена.

-Луѓе што штрајкуваат осумнаесет дена не може ни да бидат во подобра состојбата. Имаме зголемен крвен притисок, вртоглавици…. но нема да отстапиме од своите барања, вели Шајноски.

Поддршката за тројцата професори од ден на ден масовно расте. Во знак на солидарност со глад штрајкуваат и 46 претставници на Синдикатот ширум земјата. Граѓаните кои ги анкетираше НОВА исто така го поддржуваат штрајкот и сметаат дека она што се случува со професорите е катастрофа за целото образование.

Шајноски, Матлиеска и Костадиновски го почнаа штрајкот со глад откако и покрај позитивните рецензии не беа избрани во повисоки научни звања, а наставно- научниот совет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип одлучи да не останат и на досегашните позиции како вонредни професори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.