Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прво продолжение: Конвергенција кон 1 човек со сето богатство (и сите oстанати без скршена пара)

0
By Zoran Ivanov on August 8, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Така, ние денес, како и други неолиберални „пазари“, сме божемно, „слободен пазар“, но суштински, сме мрежа за проток на парите од сите – кон тој еден!

Емилија Целакоска

Највисок степен на централизација на ресурсите е нивно слевање во 1 личност – сметка. Тогаш, неолибералистичкиов капитализам сега е, суштински, комунистичко наведување на „слободниот” пазар, бидејќи комунизмот е дефиниран преку економското централизирање.

„Акумулација на капиталот” е само навидум капиталистичка фраза – многу е комунистичка. Некои, централизирањето на ресурси го викаат „социјализам”, но не ќе да е така: Социјализам е механизмот на распределбата на тие ресурси после централизацијата.

Така, ние денес, како и други неолиберални „пазари”, сме божемно, „слободен пазар”, но суштински, сме мрежа за проток на парите од сите – кон тој еден! Механизмите на пазарот, пак, само овозможуваат оваа неправда да не биде толку видлива – дека води стриктно кон 1 сметка – туку, во меѓувреме, дозволува течење на парите кон дополнителни десетина сметки („кумска” конкуренција), што му дава пропусница на неолиберализмот тој да се претставува како слободен пазар (во нашите мозоци).

Останатите сметчиња (народот) се оставени во режим на преживување, што ги тера луѓето да го продаваат не само својот труд – туку и својот интегритет, па и комплетниот психофизички апарат што во тешки времиња би им послужил за опстанок, т.е. она што нагалено си го викаме – здравје. Уверлива индикација дека токму вака функционира целиот овој систем се проценките дека 99% од богатството на светот е распределено на 1% од луѓето, а останатиот 1% од богатството го делат 99% од луѓето.

Конвергенцијата кон 1 човек со сето богатство на светот (и сите останати без скршена пара) е очигледна, но и меѓубогаташката борба е неминовна. Вестите за сиромашни тоа го емитуваат како некаков спорт, небаре златен медал добива победникот во финалето, а не дека од сите робовладетели се бира најсуровиот. Светскиот олигархопол по 70-тите минатиов век, после Бретон Вудс договорот, е креиран заради друго, но математички, се стреми кон постигнување сингуларитет 100% : 0%.

Тогаш, дали алгоритмот е таков што, на еден чекор од тој сингуларитет, единствениот финалист – победник, ултимативниот робовладетел – ќе мора да се претопи во сите, односно салдото да истече, парадоксално – кон секого?

Тоа е како чекање на рајот после радување на што полош живот. Не може да чекаме таква распределба на богатството.

Продолжува во утрешното издание на Нова.тв.мк/ Тема

 

Емилија Целакоска конвергенција тема
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025

Кина погуби менаџер поради примање мито

December 10, 2025

Прва фото од падот на децата низ стаклениот покрив во белгиското училиште

December 9, 2025
ФОКУС

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите

ВЕСТИ December 11, 2025

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија попладнево ја објави Резолуцијата за прекинување на процесот за примање мигранти…

На денешното рочиште одбраната со многу забелешки на обвинението за кочански „Пулс“

December 11, 2025

Софија: Падна бугарската влада – премиерот Росен Жељазков поднесе оставка

December 11, 2025

Британската телевизија GBN за мигрантите: Ќе ве стационираме во Македонија, таму че можете да работите

December 11, 2025
ТИКЕР

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025

Кина погуби менаџер поради примање мито

December 10, 2025

Прва фото од падот на децата низ стаклениот покрив во белгиското училиште

December 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.