Расправата за ребалансот на буџетот ќе продолжи денеска на седница на Комисијата за финансирање и буџет во 11 часот. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во своето образложение пред Комисијата вчера истакна дека основнa цел на ребалансот e да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада.

Според него, кратењето на непродуктивните трошења на власта обезбеди можност за буџетирање на нови мерки кои значат поддршка за граѓаните или домашните фирми.