Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Редот е на Мицкоски но на ГС на ООН во Њујорк ќе патува Сиљановска

0
By Zoran Ivanov on September 15, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„И оваа година, по консултација со Владата и со Министерството за надворешни работи, заеднички оценивме дека најсоодветно е повторно, јас, како претседател на државата, да ја предводам делегацијата“ изјави Сиљановска- Давкова за весникот „Слободен печат“.

Претседателката Сиљановска годинава по вторпат едно по друго ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации иако според практиката, секоја година ротираат претседателот на државата и премиерот.

Минатата година на Генералното собрание учествуваше Сиљановска-Давкова, па според неформалниот распоред, годинава во Њујорк требаше да отпатува премиерот Христијан Мицкоски.

Според неофицијалните информации, премиерот Мицкоски наводно се откажал од учество на Генералното собрание поради презафатеност со локалните избори, но од Владата не одговорија на прашањето од „Слободен печат“ зошто не се испочитувала неформалната ротација.

Одговор добивме од претседателката Сиљановска-Давкова. Според неа, „присуството на Генералното собрание на ООН е момент кога државата ја претставуваме на највисоко ниво, независно дали е тоа претседателот на државата или премиерот“.

Ротирањето на претседателот и премиерот на Генералното собрани на ОН во Њујорк не е формално, но воспоставен е принцип, односно практика што досега секогаш функционирала.

Во мандатот на претходниот претседател Стево Пендаровски, на пример, во 2019 година на ГС на ОН учествуваше премиерот, наредната 2020 поради ковид-пандемијата претседателот имаше видео-обраќање, во 2021 година во Њујорк беше претседателот, во 2022 премиерот, а во 2023 година претседателот.

Наредната 2024 година на ред беше да оди тогаш новиот премиер Христијан Мицкоски, но и лани тој се откажа, па на ГС учествуваше претседателката. Инаку, во делегацијата што учествува на ГС редовно е и министерот за надворешни работи, пишува „Слободен печат“.

Мицкоски Њујорк ОН Сиљановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025

Кина погуби менаџер поради примање мито

December 10, 2025

Прва фото од падот на децата низ стаклениот покрив во белгиското училиште

December 9, 2025
ФОКУС

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите

ВЕСТИ December 11, 2025

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија попладнево ја објави Резолуцијата за прекинување на процесот за примање мигранти…

На денешното рочиште одбраната со многу забелешки на обвинението за кочански „Пулс“

December 11, 2025

Софија: Падна бугарската влада – премиерот Росен Жељазков поднесе оставка

December 11, 2025

Британската телевизија GBN за мигрантите: Ќе ве стационираме во Македонија, таму че можете да работите

December 11, 2025
ТИКЕР

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025

Кина погуби менаџер поради примање мито

December 10, 2025

Прва фото од падот на децата низ стаклениот покрив во белгиското училиште

December 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.