jankulovski

Новиот ректор Никола Јанкуловски утринава не одговара на телофонските повици и СМС пораки од редакцијата на НОВА поврзани со вчерашниот скандалозен избор на нов претседател на Студентскиот Парламент. Иако во повеќе наврати го побаравме став од ректорот, се до објавување на овој текст не добивме негова официјална изјави околу настаните вчера.

Токму кога Јакуловски беше избран за ректор, на истата седница Сенатот на Универзитетот „Кирил и Методиј“ одлучи да формира посебна комисија од 7 професори, двајца студенти од Пленумот и двајца од Студентскиот Парламент, кои до 15 септември треба да изготват предлог-измени во Статутот за студентското дејствување. И покрај тоа, Студентскиот Парламент одлучи да ги спроведе избори вчера, за кои од Пленумот велат дека се целосно нелегитимни.

Изборите за студентски лидер кои се случија вчера се најконтроверзните досега, а интервенции имаше и од специјалнита единица за брзо распоредување (ЕБР).

Изборите беа бојкотирани од Студентскиот Пленум кој во повеќе наврати алармираше дека Студентскиот Парламент спроведува нелегитимни избори, во сезона кога повеќето студенти се на студенската програма за патување и работа во странство или се вратени во своите градови навор од Скопје.

Пленумот вчера објави и видео како  гласачките кутии се разнесуваат со трчање од просториите на Универзитетот, каде по правило гласовите би требало да се пребројуваат јавнои тие беа пренесени во просториите на Студентскиот парламент.

Подоцна, протестот на Пленумци продолжи пред просториите на Студентскиот Парламент до доцна до вечерта, со барање досегашниот претседател на СПУКМ Кирил Спировски, јавно да ги поништи изборите. Иако протестот беше мирен, а Пленумци пријавија за нелегално пренесување на гласачки кутии во МВР, пред Студентскиот Парламент дојдоа припадници на специјалната единица за рзо распоредување ЕБР по шо Пленумците беа растерани.

Денеска од Студентскиот Парламент во официјално соопштение известија дека биле спроведени демократски студентски избори и дека нов студентски лидер е избран Давор Поповски со вкупно 3.851 гласови.
За денеска најавена е прес-конференција и на Студентскиот Пленум.