Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска- Ременски, разреши 15 директори на јавни установи под надлежност на ова министерство- од нив 12 се Центри за социјална работа.

Разрешената директорка на Домот за доенчиња и деца без родители во Битола, Наташа Младеновска-Лазаревска, за ТВ Орбис изјави дека ова решение е незаконско, неосновано и има неточни наводи и таа најави жалба до повисоките инстанци.

Тужби против Ременски најави дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов- како образложение го наведува разрешувањето директори на центрите за социјални работи. Тој смета дека ова е сторено незаконски и претставува невиден политички реваншизам.

Спасов вели дека тоа што дел од директорите биле разрешени поради тоа што не доставиле годишни извештаи согласно Закон за социјална заштита.

„Такви извештаи се доставени за 2012, 2013 и 2014 година за што има конкретни докази, додека пак рокот за поднесување годишен извештај за 2015 е до крајот на февруари оваа година. Ова е флагрантен пример и доказ дека разрешувањето е незаконско“, вели Спасов.